Јапонскиот гигант Sharp ги напушта телевизорите и се фаќа за јагоди!
Јапонската компанија Sharp , која е позната по своите телевизори и техника , почнува нов бизнис, пишува Businessweek -одгледување на јагоди во пустините на Дубаи .
На 20 септември западната во финансиски тешкотии оваа јапонска фирма објави дека тимот работи на нов проект , поврзан со одгледувањето на земјоделските култури во херметичка средина . Тестовите почнаа уште во јули , а врската со технологијата е дека Sharp ги осветлува " оранжериите " со екстремно ефикасните диодни светла од сопствено производство .
Системот се состои од серија сензори , исто произведени од Sharp кои ја следат температурата и влажноста , а воздухот се прочистува од посебен систем . Јапонците се особено горди на развојот на последната технологија, тврдејќи дека таа го штити плодовите , убивајќи сите микроби , бактерии и мувла .
Од компанијата сметаат дека Дубаи е најсоодветниот пазар за технологијата , бидејќи јапонските јагоди се особено популарни на Средниот Исток , и покрај високата цена и склоноста кон брзо расипување . Од Sharp велат дека во моментов тимот на компанијата собира информации за можностите на системот. Ако е потребно , Јапонците ветуваат дека ќе ги направат потребните промени за да обезбедат "стабилна продукција на квалитетни јагоди. "
Во фискалната 2012 година , која заврши кон крајот на март , Sharp регистрира загуби од 5,3 милијарди долари . Раководството отпушти илјадници работници. Аналитичарите сметаат дека новата земјоделска технологија ќе помогне на развојот на компанијата. Од Sharp пак сега уверуваат дека немаат намера да тргуваат со јагоди , туку ќе се концентрираат во развојот на земјоделски технологии.
Слично
