Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонската армија мобилизирана во борбата со снегот

Јапонската армија мобилизирана во борбата со снегот

Jaпонски војници беа повикани за да помогнат на околу 280 автомобили, блокирани од снежно невреме во западна Јапонија, пренесе ДПА.

Според јапонската телевизија Ен Ејч Кеј, автомобилите се заглавени во текот на ноќта на четири автопати во префектурата Тотори. Две лица се однесени во болница.

Јапонските метеоролози предупредија дека ќе продолжи да врне и тоа ќе го закочи транспортот во регионот.

Областа на низок атмосферски притисок донесе и температури под нулата во голем дел од земјата, вклучително и во Токио и во западниот град Хирошима.

Во селото  Шимукапу на северниот остров Хокаидо се регистрирани -32,8 степени Целзиусови најниските за оваа зима.

Во Сапоро, административниот центар на островот, температурата падна до -12,8.


Слично

Поврзани вести