Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАПОНИЈА СУСПЕНДИРАШЕ 1,6 МИЛИОНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ: Пронајдени се штетни честички

ЈАПОНИЈА СУСПЕНДИРАШЕ 1,6 МИЛИОНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ: Пронајдени се штетни честички

Јапонија ја суспендираше употребата на 1,63 милиони дози на вакцината против Ковид-19 на производителот Модерна АД (MRNA.O) денеска, повеќе од една недела откако домашниот дистрибутер прими извештаи за присуство на некои материи/загадувачи во некои вакцини, јави Ројтерс.

И Јапонија и Модерна рекоа дека не се идентификувани проблеми со безбедноста и ефикасноста, а суспензијата е само од претпазливост. Но, овој потег поттикна неколку јапонски компании да ги откажат вакцинациите на работниците планирани за денеска.

„Модерна потврдува дека била известена за случаи на присуство на честички што се гледаат во нејзината вакцина против Ковид-19“, се вели во соопштението на американскиот производител на вакцини.

„Компанијата ги истражува извештаите и останува посветена да работи брзо со својот партнер, „Такеда“ и регулаторите за да се справи со ова“, се додава.

Инаку јапонската „Такеда“ ја дистрибуира вакцината во земјата.

Официјален претставник на Министерството за здравство рече дека Такеда првпат дознала за контаминираните вијали на 16 август и го пријавила проблемот во средата на Владата. Доцнењето било затоа што на Такеда и требало време да собере информации за тоа кои вијали се погодени и каде се во земјата, рече официјалниот претставник.

Модерна рече дека контаминацијата може да се должи на проблем со производството во една од производствените линии на производствениот погон во Шпанија.

Портпаролот на компанијата додаде дека погодената производствена серија, плус уште две серии задржани од претпазливост, бидејќи биле обработени пред и после погодените серии, биле наменети за дистрибуција само во Јапонија.

Шпанската фармацевтска компанија „Рови“ (ROVI.MC), која ги флашира или „полни и завршува“ вакцините Модерна за пазари различни од Соединетите држави, рече дека испитува можно загадување на дозите на Модерна и се чини дека прашањето е ограничено на неколку серии наменети за Јапонија.


Слично

Поврзани вести