Јапонија собира стари апарати за да направи медали за Олимписките игри
Пред Летните олимписки игри во Токио во 2020 година, Јапонија ќе повика јавни личности да донираат стари телефони и уреди, бидејќи земјата сака да собере доволно материјал за да создаде 5000 бронзени, сребрени и златни медали за настанот, пишува TechCrunch.
Генерално Комитетот сака да собере околу 8 тони метал за Олимписките и Параолимписките игри. Потегот е дел од напорите за постигнување на профитабилност на настаните кои се организирани во согласност со препораките на Олимписката програма 2020, издадена во 2014 година, која се стреми да постигне стратегија за одржливост.
Јапонскиот олимписки комитет ќе почне да поставува кутии за собирање на уреди во канцеларии и во продавници од април оваа година.
Слично
