Јапонија сепак го зголемува данокот на промет од пет на осум проценти
Премиерот на Jапонија, Шинзо Абе, и покрај критиките, сепак одлучи да го зголеми данокот на промет од моменталните пет на осум проценти.
Се очекува дека Владата денес ќе ја потврди одлуката на Абе.
Владата, исто така би требало да ги усвои и даночните олеснувања и другите стимулативни мерки, осмислени да го ублажат очекуваниот пад на потрошувачката на граѓаните кој се должи на зголемувањето на данокот на промет.
Јапонскиот јавен долг е најголем меѓу земјите во развој во смисла на неговиот удел во бруто домашниот производ.
Експертите сметаат дека зголемувањето на данокот на промет е клучна мерка за ставање на јавните финансии под контрола.
Слично
