Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија се загрижи за иднината на светската економија

Јапонија се загрижи за иднината на светската економија

Загриженост од можните последици од буџетската парализа во САД за светската економија и берзите изарзи јапонскиот министер за финансии Таро Асо.

- Ако не се реши брзо, ќе има различни последици, за меѓународната економска конјунктура, изјави Асо во однос на засега безуспешните преговори меѓу демократи и републиканци за зголемување на горната граница на американскиот државен долг.

По 17 октомври, кога истекуваат вонредните мерки на американската Влада за избегнување на банкрот, ќе останат само 30 милијарди долари за покривање на долговите на земјата, предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу.

Конгресот, чиј долен Дом е доминиран од републиканците, има моќ да ја зголеми границата на долгот, што сега изнесува 16.700 милијарди долари, но засега одбива да го направи во амбиент на интензивна борба меѓу републиканците и администрацијата на Обама.

Слично

Поврзани вести