Јапонија подготвува нов стимулативен пакет за 53 милијарди долари
Централната банка на Јапонија се одлучи за понатамошно стимулирање на инфлацијата во земјата . Токио ќе изработи нов стимулативен пакет во вкупна вредност од 53 милијарди американски долари за поддршка на националната економија , непосредно пред зголемувањето на данокот на промет , кој ќе стапи на сила во април следната година.
Решението за новиот стимулативен пакет ќе биде донесено оваа недела , пренесоа агенциите, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Во почетокот на октомври , премиерот Шинзо Абе изјави дека во новата фискална година ( април 2014 година ) Владата ќе го зголеми данокот на промет до 8 % . Во моментов, даночната стапка е 5% . Зголемувањето на даноците ќе е првото од 1997 година .
Истовремено, програмата за зголемување на данокот на промет ќе овозможи инфлацијата да биде забрзана до 3.3 % во 2014-2015 година. Без неа очекуваната инфлација е само 1,2 % , соопшти владата
Слично
