Јапонија печати нови 10 милијарди јени оти Јапонците ги кријат заштедите дома
Јапонското Министерство за финансии одлучи да пушти во оптек нови банкноти во вкупна вредност од 10 милијарди јени, бидејќи се повеќе луѓе ги чуваат своите заштеди во готово и дома, пишува „The Japan Times“.
Се повеќе луѓе ги чуваат парите „под душек“ бидејќи каматните стапки во банките за штедни сметки се паднати речиси до нулата откако јапонската национална банка воведе негативни каматни стапки во февруари.
„Генералното количество чувани пари дома изнесува меѓу пет и 40 трилиони јени минатата година“, изјави главниот аналитичар на истражувачката компанија „Дај ичи Лајф“ Хидео Куман.
„Политиката на негативни каматни стапки можеби налеа масло во срамот на населението во вложувањето на пари во банките“, додаде тој.
Слично
