Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија ќе го замрзне тлото околу нуклеарната електрана Фукушима

Јапонија ќе го замрзне тлото околу нуклеарната електрана Фукушима
Околу 470 милиони долари ќе потроши јапонската влада на проект за спречување на проток на радиоактивна вода од нуклеарната електрана Фукушима, пренесува Си Ен Ен. На проектот заедно ќе работат јапонската влада на чело со премиерот, Шинзо Абе, и сопственикот на нуклеарната централа. Откако Фукушима пред две години беше погодена од силен потрес, а после тоа и цунами, локалните власти и ТЕРСО речиси секој ден се соочуваат со нови проблеми во нуклеарната централа. Акумулирани се големи количества на радиоактивна вода која веќе не може да се складира. Планот за задржување на водата, вреден 470 милиони долари беше претставен денеска, а предвидува процес на замрзнување на тлото околу реакторот со што би се спречил проток на вода во Фукушима и во Тихиот океан.
Слично

Поврзани вести