Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија ќе стане речиси недостапна дестинација за бегалците

Јапонија ќе стане речиси недостапна дестинација за бегалците
Јапонија, која засолни едвај 11 бегалци во последната година, планира да имплементира мерки кои ќе го ограничат пристапот до азил во земјата уште повеќе. Мерките вклучуваат депортација на неуспешните кандидати, намалување на повторните кандидатури и претходна проверка на поднесено барање, јави "Ројтерс". Ако бидат одобрени, промените ќе ја направат Јапонија речиси недостапна дестинација за бегалци, сметаат активисти. Државата веќе е една од најпознатите негостопримливи за одобрување на азил која има дадено само 11 од вкупно 5 000 поднесени во 2014 година. "Не сакаме да го намалиме бројот на бегалците кои доаѓаат во Јапонија, а да гарантираме дека молбите на вистинските бегалци ќе се оценуваат брзо и приоритетно", вели Хироаки Сато од Министерството за правда. Оваа недела околу 100 странци, привремено се ослободени од имиграциските центри за задржување и протестираа пред зградата на владата во Токио за бегалски визи. "Системот е премногу тежок. Сурово би било да се заостри уште повеќе", вели 54-годишниот Иранец Али Јафари кој побарал азил. Владата на Јапонија сепак не го гледа бегството од војната, како легитимна причина за побарување на азил и нема намера да ги олабави критериумите. Стриктната интерпретација на законот и големата географска и културна дистанца меѓу Јапонија и на Блискиот Исток ги запираат имигрантите од Сирија и тие не бараат азил во Јапонија, коментираат експертите. Само 63 поднеле барања во Јапонија од 2011 година, според владината статистика. Во исто време Токио подари 167 милиони долари на Агенцијата на ОН за бегалци само за првата половина на годината, што ја направи Јапонија вториот најголем владин донатор. Сепак Токио стана предмет на сериозни критики поради одбивањето да ги извршува меѓународните обврски да обезбедува заштита. "Како развиена земја, имаме дефинитивно обврска да се заштитиме од овие луѓе", изјави за "Ројтерс" Мицуро Мијасако кој раководи со правозаштитничката организација во Јапонија.
Слично

Поврзани вести