Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија ќе ја спасува Европа за да ја живне сопствената економија

Јапонија ќе ја спасува Европа за да ја живне сопствената економија
Новиот јапонски министер за финансии Таро Асо најави дека Јапонија ќе купува обврзници издадени од европскиот постојан кризен фонд за да може да ја смири должничката криза во еврозоната и да го стабилизира јапонскиот јен. Тој најави дека неговата влада ќе троши од девизните резерви за да купи обврзници, меѓутоа не отктива колку пари ќе потроши Јапонија за еврообрзниците. Европа важи за голем извозен пазар на Јапонија и Владата веќе даде милијард долари за обврзници коишто ги издаде претходникот на ESM, Европскиот фонд за финансиска стабилност (EFSF).
„Стабилизацијата на европската финансиска криза на крајот ќе придонесе за стабилноста за цените на валутите, вклучувајќи го и јенот, па затоа имаме намера и натаму да откупуваме обврзници кои ќе ги издава ESM, користејќи ги притоа резервните резерви", изјави Министерот за финансии. Јапонија се соочи со падот на европската побарувачка на јапонски производи поради должничката криза.  Поради тензиите во еврозоната, јапонскиот јен, инаку традиционално засолниште за инвеститорите во несигурните времиња, кон крајот на 2011 година достигна рекордно ниска вредност во однос на американскиот долар од околу 75 јени за долар, што предизвика паника меѓу јапонските извозници чии стоки во такви услови поскапеа.
Слично

Поврзани вести