Јапонија ја предупреди Велика Британија да не ја напушта Европската унија
Јапонија ја предупреди Велика Британија да не се повлекува од Европската унија, бидејќи тоа може да доведе до затворање на подружниците на јапонските компании на британска територија и губење на десет илјади работни места.
Јапонската Влада предупреди дека ако Велика Британија ја напушти Европската Унија во опасност може да се доведат работни места кои во Британија ги отвориле јапонските компании.
Според весникот „Сандеј тајмс“, Токио со официјален допис тврди дека на јапонските компании им се допаѓа Британија затоа што преку земјата пристапуваат и на европските пазари, што не би било случај кога земјата би била надвор од Унијата.
Британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека ќе преговара за изменетите односи на Британија со ЕУ, за потоа до крајот на 2017 година ако и понатаму биде на власт да свика референдум за членство на земјата во Унијата.
Во дописот на јапонската Влада до британскиот „Форин Офис“ се наведува дека Токио е посветен да изгради можен однос со ЕУ, поголем од кога било.
„Во врска со тоа очекуваме Британија и понатаму да игра значајна улога во ЕУ, наведува јапонската Влада.
Велика Британија како предводник на полето на слободна трговија е клучен трговски партнер на Јапонија. Повеќе од 1.300 јапонски компании досега вложиле во Британија, а отвориле 130.000 работни места – повеќе од каде било во Европа.
