Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија дава 1,6 милијарди долари за бегалците, ама не сака да ги прими!

Јапонија дава 1,6 милијарди долари за бегалците, ама не сака да ги прими!

Јапонија ќе издвои околу 1,6 милијарди долари за помош на сириски и ирачки бегалци за воспоставување на мир во воено зафатените подрачја на Блискиот исток и Африка, рекол јапонскиот премиер Шинзо Абе во Генералното собрание на ОН.

Абе најави дека за помош на бегалците Јапонија во 2015 ќе издвои околу 810 милиони долари, што е три пати повисок износ од оној кој Јапонците го уплатиле минатата година.

Додатни 750 милиони долари ќе бидат издвоени за изградба на мир во воените зони.

Но, Јапонскиот премиер ја отфрлил секоја можност Јапонија да прифати бегалци од воените судири погодени од Сирија.

Јапонија не сака да прими бегалци

Јапонија лани дала азил за дури 11 лица од 5000 кои го побарале, а некои значајни промени на тоа поле нема да се случат во блиска иднина.

Јапонскиот премиер на прашање одговорил истакнувајќи го општиот став на јапонската Влада дека земјата треба да ја поттикне својата работна сила, додавајќи повеќе простор за работа на жени и постари лица.

„Што се однесува до популацијата, мораме да направиме многу нешта пред да почнеме да прифаќаме мигранти. Јапонија сака промени во околностите кои довеле до раст на бројот на бегалци допринесувајќи во решавање на оваа криза“, изјавил Абе.

Слично

Поврзани вести