Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонија бележи трговски дефицит

Јапонија бележи трговски дефицит
Во септември трговскиот дефицит на Јапонија изнесуваше 932,1 милијарди јени (9,5 милијарди долари) и така достигна рекордни 15 месеци по ред со негативно салдо. Според Mинистерството за финансии на Јапонија, увозот во септември е зголемен за 16,5 проценти во споредба со истиот месец во 2012 година. Истовремено, извозот е зголемен за 11,5 проценти, пренесувааат агенциите. Во периодот од април до септември трговскиот дефицит на Јапонија достигна рекорден обем за тој временски период од 4,989 милијарди јени (50,9 милијарди долари), наведува Министерството. Сложената трговска ситуација во врска со наодамнешното слабеење на јенот во однос на странските валути, според експертите, доведе до значителен раст на трошоците за купување на стока во странство, пред се на природниот гас, нафтата и нафтените деривати. Поефтинувањето на националната валута им овозможи на извозно ориентираните јапонски компании, првенствено на производителите на автомобили, значително да го зголемат својот профит, но сепак тоа не беше доволно да се надмине дефицитот на билансот на надворешната трговија.
Слично

Поврзани вести