Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонец платил 1,8 милиони долари за една туна во Токио!

Јапонец платил 1,8 милиони долари за една туна во Токио!
Туна со тежина од 222 килограми беше продадена на аукција во Токио за рекордни 155,4 милиони јени или околу 1,8 милиони долари. Аукцијата се одржа на рибниот пазар Цукидзи во јапонската престолнина. Рибата беше купена од синџирот ресторани "Кимура", по цена од 700 илјади јени (8,1 илјади долари) за килограм риба. Цената го надминува три пати претходниот рекорд регистриран минатата година. Тогаш за туна со тежина 269 килограми беа платени 55,49 милиони јени или 728 илјади долари. "Кимура" втора година по ред ја купува најголемата туна на аукцијата во Цукидзи. Претседателот на ресторанскиот синџир Кеши Кимура вели дека рибата е "малку скапичка", меѓутоа, забележа дека парите вредат кога станува збор за квалитетна туна, пренесоа јапонските медиуми.
Слично

Поврзани вести