Јапонците се најосамена нација, се откажуваат од секс и склучуваат брак со пријатели
Демографските статистики за Јапонија се застрашувачки бидејќи постои реална закана нацијата од над 127 милиони жители до 2030-та да има само 87 милиони поради најниската стапка на наталитет.
Според социолошките истражувања над 50% од популацијата не е во романтична врска, голем дел од нив се откажуваат од секс, немаат партнери и по долго време решаваат да стапат во брак со нивните долгогодишни пријатели. Трендот на стапување во брак без подолготрајна врска е се поактуелен и меѓу младите, па така и по еден месец на врска се решаваат да се венчаат.
Социолозите не можат да утврдат зошто Јапонците се одлучуваат да останат сингл и да не бараат романтична врска, но сметаат дека трендот е опасен во земја во која се уште доминираат бројни вековни традиции, договорени бракови и необјасниви сексуални навики.
