Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонците на протест, бараат власта да не ги ограничувa граѓанските права

Јапонците на протест, бараат власта да не ги ограничувa граѓанските права
Неколку стотици Јапонци денеска се собраа на протест во центарот на Токио поради повикот на премиеро Шинѕо Абе дека е потребно да се направат нови промени Уставот, со што ќе и се овозможи Владата да има поголемо влијание во ограничувањето на граѓанските права и слободи.

Протестот го поддржаа опозициските партии, синдикалните организации и голем број граѓани кои излегоа на мирниот протестен митинг. Јапонија денеска одбележува 66 години од Уставот, а овој ден се слави како национален празник.

Од друга страна пак поддржувачите на промените во Уставот сакаат просто мнозинство за уставни реформи од двата дома, пред да бидат гласани на референдум. Во моментот за тоа се потребни две третини гласови, а новите промени според протестантите ќе и дадат дозвола на владата да ги наруши граѓанските слободи.
Слично

Поврзани вести