Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонци го произведоа најбрзиот лифт на светот, ќе го инсталираат прво во Кина

Јапонци го произведоа најбрзиот лифт на светот, ќе го инсталираат прво во Кина
Јапонскиот индустриски гигант „Хитачи“ објави дека го произвел најбрзиот лифт на светот, способен да се искачи 94 ката за само 43 секунди! Лифтот се движи со брзина од 72 километри на час, што е за 12 километри на час побрзо од досегашниот најбрз лифт на светот поставен во една кула во Тајван, објави „Хитачи“. Јапонската компанијаобјаснува дека за да произведе толку брз лифт морала да ја зголеми силата на моторите и да ја намали тежината на каблите, а подобрена е и техниката за стабилизација на лифтот. Два примероци од овој лифт, кој уште е во фаза на прототип, треба да бидат инсталирани во кинески облакодер висок 530 метри (111 ката), во 2016 година.
Слично

Поврзани вести