Економија, финансии, бизнис

Контакт

Japan Airlines за првпат ќе купува авиони од европски производител

Japan Airlines за првпат ќе купува авиони од европски производител
„Japan Airlines (JAL)“ ќе набави авиони од европскиот производител „Airbus“, и тоа 31 авион од типот А350, чија вкупна каталошка цена изнесува 950 милијарди јени (9,5 милијарди долари). Досега во флотата на „JAL“ доминираа авионите на „Boeing“, поради долгогодишните соработки на Јапонија и САД кои вклучуваат и безбедносни аранжмани. Извршниот директор на јапонската филијала на „Airbus“ Фабрис Брегиер и претседателот на управата на „JAL“ Јошихару Уеки, денеска во Токио потпишаа договор, кој вклучува и дополнителна можност за купување на уште 25 авиони на „Airbus“.    
Слично

Поврзани вести