Јанукович во Севастопол под руска заштита
Разрешениот украински претседател Виктор Јанукович се крие во руската поморска база Севастопол, објавија украинските медиуми. Јанукович е во бегство откако по него беше распишана потерница за одговорност за масовни убиства за време на протестите во Киев.
Според информациите на украинските медиуми, за него во Севастопол, на Кримскиот Полуостров, е подготвен десантен брод од руската црноморска флота, кој треба да го префрли во Русија.
Јанукович се обиде да ја напушти земјата со авион, но украинските власти не му дадоа дозвола за полетување.
Слично
