Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанукович со закон ги забрани антивладините протести

Јанукович со закон ги забрани антивладините протести

Сет нови закони синоќа потпиша  украинскиот претседател Виктор Јанукович со кои ќе бидат забранети сите видови антивладини протести, наспроти осудите на западните влади кои ги критикуваа овие мерки како недемократски.

На претседателската Интернет страница, набројани се сите прописи кои украинскиот Парламент вчера ги усвои и наведено е дека претседателот потпишал сет закони.

На централниот плоштад во Киев вчера беа собрани уште неколку стотини демонстранти.

Со новите закони забрането е недозволено поставување шатори и бини, што беше карактеристика за бранот најнови протести.

Со законот се предвидени затворски казни до 15 години за кршење на јавниот ред.

Претседавачот на ОБСЕ, шефот на швајцарската дипломатија Дидие Буркхалтер, изрази загриженост поради последните правни мерки во Украина, кои можат да нанесат сериозни ограничувања на основните права, како што е слобода на изразување и собирање.

- Ги охрабрувам украинските власти да консултираат соодветни извршни структури на ОБСЕ во врска со компатибилноста на неодамна усвоените правни мерки со заеднички обврски на организацијата, наведува тој во соопштение.

Слично

Поврзани вести