Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанукович проговори: „Уште сум претседател на Украина“

Јанукович проговори: „Уште сум претседател на Украина“
Разрешениот украински претседател Виктор Јанукович, кој се наоѓа на непозната локација, со соопштение се обрати до украинската јавност, нагласувајќи дека сè уште се смета себе си за шеф на државата. Тој вели дека е легитимно избран претседател на државата и побарал азил од руските власти. И покрај итното барање од новите украински власти во Киев да не презема таков чекор, официјална Москва сепак го одобрила барањето. Руските власти демантираат дека Јанукович веќе е префрлен во Москва. Според последните информации тој уште се наоѓа на непозната локација на Крим. Меѓутоа според претпоставките на украинските медиуми, Јанукович би можел уште синоќа да е префрлен во Русија на воениот брод „Москва“, кој е дел од руската флота во Црното Море. Овој брод, кој до пред неколку дена бил задолжен за обезбедување на Олимписките игри во Сочи, се вратил во руската поморска база во Севастопол, Украина. Иако било планирано „Москва“ да остане во Севастопол подолг период, а потоа да замине во Сирија, сепак бродот синоќа наполнил гориво и отпловил во непознат правец. Во меѓувреме, ситуацијата на Крим драматично ескалира откако неколку десетици непознати луѓе, вооружени со снајпери, утрово ги зазедоа зградите на регионалната влада и парламент во Симферопол, на Крим. На зградите поставија да се веат руски знамиња, а вратите на двата објекти се блокирани од внатре. Стотици полицајци од надвор ги обезбедуваат двете згради, но луѓето внатре за сега немаат никакви барања. Во меѓувреме, во Киев, во Парламентот трае расправата за избор на новата преодна влада во Украина, која според најавите треба да ја води досегашниот опозициски лидер Арсениј Јаценјук.
Слично

Поврзани вести