Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанукович ќе се обрати на нацијата, најмалку 20 загинати во Киев

Јанукович ќе се обрати на нацијата, најмалку 20 загинати во Киев
Најмалку 20 лица го загубија животот денеска во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Киев, објавиja локалните медиуми. Стотици луѓе се повредени. Немирите сè уште траат, а вечерва и дополнително се радикализираа откако полицијата се обиде да ги отстрани демонстрантите од централниот Плоштад на независноста во Киев. Украинскиот претседател Виктор Јанукович се очекува да се обрати на нацијата. Тој вечерва е на средба со опозицискиот лидер Виталиј Кличко во последен обид да се изнајде начин за смирување на ситуацијата. Американскиот потпретседател Џо Бајден вечерва телефонски разговарал со Јанукович и го повикал да ги повлече специјалните полициски сили и да покаже максимална воздржаност. „САД го осудува насилството од сите страни, но власта носи особена одговорност за да се смири ситуацијата“, му рекол Бајден на Јанукович. Не е познато кога Јанукович ќе се обрати на нацијата, но неговото обраќање го најавија неговите најблиски соработници. Тензиите на улиците на Киев се подигнати на максимум. Плоштадот е претворен во вистинска воена зона. Големиот број жртви се должи на употреба на огнено оружје и од полицијата и од  демонстрантите. Немирите се шират и надвор од Киев, во западните делови од земјата, каде што демонстрантите ги напаѓаат полициските сили и владините згради. http://www.youtube.com/watch?v=2tLf-PTAIYU
Слично

Поврзани вести