Јанукович им понуди владини фотељи на Јаценјук и Кличко
Украинскиот претседател Виктор Јанукович му ја понуди премиерската позиција на лидерот на опозициската партија Баткившина, Арсени Јаценјук, а местото заменик-министер за хуманитарни прашања му го понуди на лидерот на УДАР, поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко.
„Доколку Јаценјук се согласи да биде премиер, украинскиот претседател ќе ја распушти Владата“, соопштија од Кабинетот на Јанукович.
Истовремено, тој се ветил дека ќе ја разгледа можноста за уставни измени со цел да се намалат овластувањата на шефот на државата.
Денешната средба на Јанукович со тројцата лидери на украинската опозиција - Јаценјук, Кличко и Олег Тјахнибок, траеше три часа.
Попладнево демонстрантите ги ослободија двајцата украински полицајци, кои ги држеа како заложници. Во текот на денот, беше потврдена смртта на уште еден учесник во протестите, со што бројот на жртвите во немирите на улиците во Киев се искачи на 6.
Слично
