Јанукович и неговите синови остануваат на црната листа на ЕУ
Европската унија го продолжи рокот на важење за санкциите кои ги донесе на 6 март 2014 година за поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и на дваесет и едно лице од неговaта блиска околина, пренесе РИА.
Во соопштението на Европскиот совет се вели дека санкциите ќе бидат продолжени, но според извор на РИА на „црната листа“ ќе останат осумнаесет од вкупно дваесет и две лица. Во листата остануваат синовите на Јанукович - Александар и Виктор, како и поранешниот украински премиер Микола Азаров.
Како причина за донесувањето на санкциите од ЕУ го посочија „учеството на Јанукович и неговите соработници во разграбувањето на Украина“.
И Јанукович и неговите синови ги оспоруваат санкциите пред Европскиот суд.
Слично
