Јанукович го бараат да одговара за масовни убиства!
Украинското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по разрешениот украински претседател Виктор Јанукович, заради сомнение дека е одговорен за масовните убиства за време на протестите во Украина.
Јанукович последен пат бил виден во неговата резиденција во Крим. Според вршителот на должноста украински министер за внатрешни работи Арсен Арков, Јанукович и неговите најблиски соработници од Киев најпрвин побегнале во Харков, а потоа во базата Доњецк. Таму граничарите го спречиле да одлета надвор од земјата.
Според информациите, Јанукович се обидел да ги поткупи аеродромските службеници да го пуштат неговиот авион да полета, но без успех. Обезбедувањето на двајца блиски соработници на Јанукович, по кои исто така се трага, дури и отворило оган врз аеродромската полиција.
Потоа разрешениот украински претседател заминал на Кримскиот Полуостров, но откако дознал дека на воениот аеродром Белбек на Крим го чекаат безбедносните сили да го уапсат заминал во друг правец. Крим инаку важи за проруско упориште во Украина и по последниот развој на настаните жителите на полуостровот бараат отцепување.
И официјална Москва најавува дека во случај на поделба на Украина, руските сили ќе влезат за да го заштитат населението на Крим.
На својата приватна резиденција во регионот Блаклава Јанукови ги собрал телохранителите и им дал избор - или да останат со него или да си заминат. Неколкумина го напуштиле. Со преостанатите телохранители и три автомобили, Јанукович заминал во непознат правец, открива Арков.
Официјална Москва го осуди разрешувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович од страна на Парламентот. Во знак на протест, официјална Москва го отповика својот амбасадор во Украина.
Слично
