Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша изгуби, опозицијата победи на изборите во Словенија

Јанша изгуби, опозицијата победи на изборите во Словенија

Oпозицијата победи на парламентарните избори во Словенија. 

Партијата Движење за слобода предводена од Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори со најмногу добиени гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша. 

По затворањето на избирачките места, Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа.

„Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба“, рече Голоб. 

Движењето за слобода доби 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто.

Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите (СД) на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата (Л) на Лука Месец со 4,4 отсто.

Државната изборна комисија ги објави и првите делумни официјални резултати. По преброени 10 отсто од гласовите, Движењето за слобода има 30,15 отсто, а СДС на Јанша 27,54 отсто од гласовите.

фото МИА

Слично

Поврзани вести