Јан Оберг: Членството во НАТО нема да ги направи Финска и Шведска побезбедни
Членството во НАТО нема да ги направи Финска и Шведска побезбедни, но веројатно ќе ги видиме да се борат во туѓи војни и да бидат домаќини на американски бази, рече д-р Јан Оберг, кандидат за Нобелова награда за мир и директор на Транснационалната фондација за мир и иднина за „Раша тудеј“.
- Тоа е катастрофална одлука - посочи Јан Оберг по официјалната изјава на финската влада дека планира да се приклучи на воениот блок. Неколку часа подоцна, слично соопштение излезе и од владејачката партија во Шведска. Двете нордиски нации останаа надвор од НАТО за време на Студената војна, но нивните влади рекоа дека руската воена операција во Украина ја промени играта.
- Финска и Шведска не успеаја да ги „анализираат долгорочните последици. Се чини дека никој не се прашува дали НАТО е вистинската работа. Ќе се приклучиме на оваа пропадната организација - рече Оберг, кој е роден во Данска, но живее во Шведска од 1971 година.
- Мораме да се запрашаме: Кој го предизвика конфликтот (меѓу Москва и Киев)? Сите зборуваат за руската инвазија, поради која и јас жалам што се случува, но основата на тоа е конфликтот поврзан со проширувањето на НАТО - вели Оберг.
Како што објаснува Оберг, а пренесува „Мондо.рс“ Москва потенцира оти Украина мора да стане неутрална земја која никогаш нема да влезе во НАТО како една од главните причини за нејзината тековна воена операција, како и еден од условите за нејзино прекинување.
Оберг рече дека ја разбира загриженоста на Русија во врска со проширувањето на блокот кон нејзините граници. „Да седев во Москва, ќе почувствував дека тоа е закана“, посочи тој, мислејќи на можното членство на Финска и Шведска.
- Кога ги преместувате војниците на границата од двете страни, ја зголемувате тензијата, го намалувате времето на реакција - ги правите сите работи што не треба да ги правите стратешки доколку целта ви беше мирот. Воено-индустрискиот комплекс, односно „оние кои продаваат оружје и профитираат од војните“, има многу да добие од тоа што НАТО ќе додаде две нови членки. Шведскиот и финскиот народ нема да имаат корист од ова - потенцира тој.
Потоа прашува дали со оглед на тоа што Соединетите Американски Држави се залагаат за бази во Данска и Норвешка, „дали треба да веруваме дека нема да има американски бази или американски војници или нешто, знаете, попостојано во Шведска и Финска?“
Според него членството во НАТО, исто така, „ќе ги отвори овие земји за потенцијална нуклеарна катастрофа што никогаш не требаше да постои во оваа област“, додаде мировниот истражувач.
Оберг рече дека е „страшно“ што владите во Хелсинки и Стокхолм не го ставиле ова прашање на референдум.
Додека анкетите на јавното мислење покажаа огромна поддршка за членството во НАТО во Финска, помалку од 50 отсто од јавноста во Шведска ја поддржа идејата, истакна тој.
- Зачуден сум што има толку малку јавна дебата, толку малку врева за огромните демонстрации во големите градови во Шведска - рече научникот.
За ваквата состојба тој ги обвини медиумите, од кои „80 до 90 отсто се про-НАТО“.
- Денес е многу тешко да се влезе во медиумите со алтернативен поглед... Нема демократија и слободна медиумска практика во тоа - инсистира Оберг.
Фото: Мондо.рс/принтскин
