Јан контра Макрон: Русија е агресорот и не треба да водиме сметка дали таа ќе биде понижена или не
Чешкиот шеф на дипломатијата Јан Липавски го нападна францускиот претседател Емануел Макрон дека згрешил во однос на Русија и дека не ја познава темата.
Според него, Макрон згреши кога рече дека Русија не треба да се понижува.
„Русија е агресорот и не треба да водиме сметка дали Русија ќе биде понижена или не“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Toj рече дека на Путин не му е грижа како Западот ја доживува Русија. Кажа Европа не треба да заборави на Украина, а преговорите со Русија пред се’ треба да ги водат Украинците. Макрон неодамна изјави дека Русија не треба да се понижува, со цел еден ден кога ќе заврши војната во Украина, да продолжат дипломатските мерки. Откако почна војната, Макрон во повеќе наврати разговараше со рускиот колега Владимир Путин во врска со војната во Украина.
