Јагленот до 2020 ќе стане клучно гориво во глобалната економија пред нафтата
И покрај напорите на владите да ја намалат емисијата на јаглеродниот диоксид, во наредните седум години, јагленот ќе стане клучно гориво во глобалната економија пред нафтата, објави консултантската компанија Wood Mackenzie.
Растечката побарувачка во Кина и Индија ќе го поттурне јагленот пред нафтата, бидејќи двете азиски земји ќе мораат да се потпрат на поевтино гориво. Во САД, Европа и остатокот на Азија, побарувачката ќе остане непроменета.
Се очекува дека до крајот на десетлетието, глобалната потрошувачка на јаглен ќе порасне за 25 отсто на 4.500 милиони тони еквиваленти нафта и ќе ја надмине побарувачката за нафта, што во овој период треба да достигне 4.400 милиони тони.
Кина веќе сега е водечки потрошувач, а до 2020 година на оваа азиска земја ќе отпаднат две третини од растот на глобалната потрошувачка на јаглен. Половина од кинеските капацитети за производство на електрична енергија, кои ќе бидат изградени до 2020 ќе бидат термоцентрали на јаглен.
Слично
