Јаделе контаминиран спанаќ, по што имале халуцинации и заматен вид
Луѓе во Австралија конзумирале отровен спанаќ, по што добиле халуцинации. Девет луѓе побарале лекарска помош откако изеле млад спанаќ на производителот „Ривера фармс“.
Лекарите велат дека се затруени и имале забрзана работа на срцето и замаглен вид. Предупредиле дека сите пакети од тој спанаќ со рок на траење до 16 декември не се безбедни и треба да се фрлат. Компанијата објави дека спанаќот веројатно е контаминиран, но дека тоа не се случило со ни еден друг производ.
„Никој не умре, па сме многу задоволни. Се надеваме дека така и ќе остане. Но, тие луѓе се прилично болни. Некои имаат халуцинации, гледаат работи кои ги нема“, вели лекарот Дарен Робертс од државниот Информативен ценат за отровни состојки“, пренесе Би-би-си.
Симптоми на труење пријавиле само граѓани од Сиднеј. Производите ќе бидат отстранети од маркетите.