Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАДАТ, ПИЈАТ, БЕГААТ: Сто луѓе од Источна Европа ги пустошат рестораните во Шпанија

ЈАДАТ, ПИЈАТ, БЕГААТ: Сто луѓе од Источна Европа ги пустошат рестораните во Шпанија

Шпанската полиција истражува два случаи каде луѓето избегале од ресторан во северозападна Шпанија без да платат. 

Во двата случаи над 100 луѓе останале должни по неколку илјади евра. 

Сопственикот на ресторанот Ел Кармен, Антонио Родригес од градот Бембибре пријавил во полиција дека угостил околу 120 луѓе кои славеле крштевка, по што за една минута избегале и оставиле неплатена сметка од 2000 евра. 

Тие оставиле депозит од 900 евра, а избегале пред да се послужи десертот. 

Лаура Ариас, сопственичка на ресторанот Ел Рикон де Пепин од градот Понферада се јавила во полиција кога слушнала што се случило на 10 км од неа. 

Кај неа 160 луѓе славеле венчавка, оставиле депозит од 1000 евра, а побегнале без да ја платата сметката од 10.000 евра. 

Локалните медиуми пишуваат дека тоа се групи од Источна Европа и дека две лица кои биле организатори веќе се идентификувани. 

Слично

Поврзани вести