Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јаценјук: Не укинувајте ги санкциите на Русија

Јаценјук: Не укинувајте ги санкциите на Русија

Премиерот на Украина Арсениј Јаценјук побарал на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации да не и се укинуваат санкциите на Русија додека Украина не ја потврди контролата над целокупната територија, влкучувајќи го и Крим.

Јаценјук во ноќта, помеѓу средата и четвртокот, на крајот на интензивната дискусија за се поголемата закана на екстремистичките организации по светот изјавил дека тие (Украина) знаат што значи тероризам.

Тој побарал Русија да ги повлече своите трупи од истокот на Украина, да „престане да ги снабдува терористите под руско раководство“ и да почне вистински, мировни преговори.

Украинскиот премиер истакна и дека Крим кој Русија си го присвои, и понатаму и припаѓа на Украина, и дека „секогаш ќе биде“ нејзин дел.

Слично

Поврзани вести