Јаценјук на чело на привремената Влада во Украина – еве кои се министрите!
Опозицискиот лидер Арсениј Јаценјук ќе биде премиер на новата привремена Влада во Украина, што треба да ја води земјата до нови избори.
39-годишниот политичар е лидер на Татковинската партија, која ја презеде од Јулија Томошенко кога таа замина во затвор. Еден период тој бил и министер за финансии на Украина.
Составот на кабинетот беше избран и објавен на Плоштадот на независноста во Киев, епицентар на неколкумесечните протести за симнување на претходната власт.
Освен Јаценјук, ова се состанатите предложени министри, кои утре треба да добијат доверба од украинскиот Парламент:
Вицепремиер за евроинтеграции - Борис Тарасјук
Вицепремиер за хуманитарна политика -Олга Богомолец
Вицепремиер за регионална политика - Владимир Гројсман
Вицепремиер - Александр Сич
Министер за правда - Павел Петренко
Министер за финансии - Александр Шлапак
Министер за економски развој и трговија - Павел Шеремета
Министер за образование и наука - Сергеј Квит
Министер за здравство - Олег Мусиј
Министер за социјална политика - Људмила Денисова
Министер за екологија - Андреј Мохник
Министер за култура - Евгениј Ништук
Министер за надворешни работи - Андреј Дешица
Министер за земјоделска политика - Александр Мирниј
Министер за енергетика - Јуриј Продан
Министер за млади и спорт - Дмитриј Булатов
Министер за внатрешни работи - Арсен Аваков
Уште траат консултациите за позициите министер за одбрана и министер за инфраструктура, јавуваат украинските медиуми. За секретар за национална безбедност и одбрана е предложен Андреј Парубиј. За претседател на Антикорупциската комисија во Украина ќе биде назначена Татјана Чорновил, а за претседател на Лустрациската комисија се предлага Егор Соболев.
Новата украинска влада, ако утре ја добие довербата од Врховната рада, ќе се соочи со огромен предизвик да ја спаси земјата од силните сепаратистички тендеции, но и од се поголемата опасност за банкрот.
Слично
