Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јацењук: Ја повикуваме Русија на преговори на неутрален терен

Јацењук: Ја повикуваме Русија на преговори на неутрален терен

 Украинските власти ја повикаа Русија на преговори на неутрален терен во цел на смирување на состојбата во источниот, проруски дел на Украина, вели украинскиот премиер.

 

- Ја повикуваме Руската Федерација на сериозни преговори на неутрален терен - изјавил Арсениј Јацењук, додека повеќе од 4100 лица загинале од април во судирите на проруските бунтовници и украинската војска.

Повторно обвинувајќи ја Русија за продолжување на ескалацијата во зоната на конфликтот и за зголемување на бројот на руските сили во Украина, Јацењук оценил дека улогата на Москва во мировниот процес е клучна.

- Се зависи првенствено од рускиот претседател Владимир Путин и неговото опкружување. Ако одлучи и ако има доволно политичка волја за запирање на војната против Украина ние сме подготвени да ги продолжиме преговорите, истакнал украинскиот претседател.

Русија меѓутоа, ја отфрлила таа иницијатива на Киев, истакнувајќи дека украинските власти најпрво треба да воспостават дијалог со бунтовничките региони на истокот од земјата.

Украина и западните земји ја обвинуваат Москва дека воено ги поддржува проруските бунтовници и ги разместува силите на територија под нивната контрола, што Русија го негира.

Киев и Москва се за обновување на преговорите поради смирување на вооружените судирите, но не се договориле за начинот на нивно организирање.

Слично

Поврзани вести