Јацењук бара помош од Германија и САД
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека од САД и Германија ќе побара помош за плаќање на долговите на Москва како Русија би можела да продолжи со испораките на гас.
Јацењук на состанокот со Владата изјавил дека планира подоцна во текот на денот да разговара со американскиот потпретседател Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.
Тој најавил дека ќе разговара за мерките за „додатни финансиски инструменти за Украина кои ќе помогнат во стабилизација на буџетот и исплата на долговите за енергенти“.
Во текот на неколку рунди во разговорите меѓу Москва и Киев не е пронајдено решение на спорот настанат поради одбивање на Украина да плаќа повисока цена на гасот после промените на власта во таа поранешна советска република.
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ во јуни ги прекина испораките на гас за Украина. Прекинот на достава на гас не влијаеше на клиентите во Европа кои добиваат руски гас преку Украина.
Двете страни постигнале предвремен договор врз основа на која Русија ќе ги намали своите побарувања за околу 20 одсто на 385 евра за 1000 кубни метри гас за наредните шест месеци.
Меѓутоа, конечен договор не е постигнат поради инсистирањето на Москва, Брисел и Киев да постигнат согласност за начинот на кој Украина ќе го исплати долгот од 2,5 милијарда евра до крајот на годината.
Украина веќе побарала додатна позајмица од ЕУ за две милијарда евра и Брисел уште официјално не го одобрил нивното барање.
