Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја украл кредитната картичка од родителите и заминал во странство

Ја украл кредитната картичка од родителите и заминал во странство

Дете на возраст од 12 години од Сиднеј ја украло кредитната картичка на своите родители, ја излажало баба му за да му го даде пасошот и одлетало на Бали по една семејна расправија.

Сакало да оди на Бали, но мајка му не му дозволувала. Откако детето ги истражувало компаниите кои дозволуваат 12-годишниците да патуваат без родители и нашло начин без своите родители да ја напушти земјата, резервирало лет и хотелски соби.

На семејството им соопштил дека оди на училиште, се одвел со тротинет до локалната станица од каде со воз се упатил до аеродром, чекал на терминал, се качил на лет за Перт, а оттаму за Индонезија.

Единствено вработените во Перт побарале да докаже дека има повеќе од 12 години.

На семејството им било јавено од училиштето дека синот е отсутен. Недолго потоа дознале дека е Бали. 

„Бевме шокирани. Не постои емоција која би можела да ја објаснам како се чувствувавме кога дознавме дека е во странство“ рекла Ема, мајката на детето. 

Кога стигнало во Бали, детето на вработените во хотелот им рекло дека ја чека сестра си, откако се чекирало. 

Слично

Поврзани вести