Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА УДРИЛ ГРОМ, ЧАСОВНИКОТ ЕКСПЛОДИРАЛ, ИМАЛА ДУПКИ НА ЧЕВЛИТЕ: Американка доживеа хорор на првиот ден на факултет

ЈА УДРИЛ ГРОМ, ЧАСОВНИКОТ ЕКСПЛОДИРАЛ,  ИМАЛА ДУПКИ НА ЧЕВЛИТЕ: Американка доживеа хорор на првиот ден на факултет

18-годишна девојка преживеа удар од гром во Флорида. 

На првиот ден од факултет, таа одела до зградата каде што требало да има часови кога ненадејно паднала на земја. Се обидела да повика помош, но сфатила дека не може да се движи или да зборува. Гром ја удрил во градите и потоа таа раскажа како се чувствувала. 

Ема Еглер (18) минатиот викенд се пресели во Пенсакола, Флорида, поради студии.  Девојката од ударот на гром се здобила со тешки изгореници. Кошулата и се залепила за телото, часовникот експлодирал, а од силината на ударот останала дупка на чевлите.

„Првото чувство беше срам, мислев дека се сопнав пред сите. Но, потоа сфатив дека не можам да зборувам ниту да се движам. Ми пријде еден млад човек и ме подигна, се јавија во Итна помош“, раскажа таа. 

На девојката лекарите и кажале дека имала неверојатна среќа. 

Иако на почетокот мислела дека е трајно парализирана, Ема се опоравува, пренесе Мондо.рс. Претходно, во Грција човек загина од удар на гром, а во Сплит, удар на гром повреди туристка. 

Слично

Поврзани вести