Ја сочува Европа од Русија – Меркел избрана за личност на годината
Познатиот британски весник „Тајмс“ ја прогласи канцеларката на Германија, Ангела Меркел, за личност на годината поради, како што се наведува во образложението, нејзината централна улога во зачувувањето на стабилноста во Европа.
Според британскиот весник, Меркел е најзаслужна што не дошло до поголеми геополитички пореметувања „по руската агресија во источна Европа“.
Германската канцеларка, која до 2016 година мора да одлучи дали и на наредните избори ќе се бори за четврт мандат, избрана е за личност на годината пред се поради тоа што ја презеде контролата над тешките преговори со претседателот на Русија, Владимир Путин, по анексијата на Крим.
Меркел успеала да се наметне како незаобиколлив фактор во годината кога односите меѓу Истокот и Западот дојдоа до точка на пукање во најопасната геополитичка криза по студената војна, наведува „Тајмс“.
„Германската канцеларка е жена која ни е потребна во светот полн со опасни мажи“, се вели во образложението.
Слично
