Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја снабдуваа Украина со оружје и гориво, но зошто молчеа?

Ја снабдуваа Украина со оружје и гориво, но зошто молчеа?

Иако молчеше, сепак Бугарија ја снабдувала Украина со оружје.  Да не беше оваа помош, како што рекоа Украинците, Русите ќе окупираа многу градови и села, ќе мачеа и убиваа  Украинци. 

Украинската армија минатата пролет имаше голем недостиг на гориво и муниција од советски калибар.

„Проценуваме дека околу една третина од муницијата потребна на украинската армија во раната фаза на војната дојде од Бугарија“, изјави екс бугарскиот премиер Кирил Петков за германскиот весник „Велт“.

Дизелот што Бугарија ѝ го испорачуваше на Украина се преработуваше од руска сурова нафта во рафинеријата на Црното Море.

Бугарија беше еден од најголемите извозници на дизел во Украина и на моменти покриваше 40 отсто од потребите на Украина. 

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба изјави за „Велт“ дека неговата земја била во опасност да остане без муниција минатиот април. 

„Знаевме дека бугарските магацини имаат големо количество потребна муниција, па претседателот [Володимир] Зеленски ме испрати да го добијам потребниот материјал“, рече Кулеба.

И бугарските власти признаа дека тајно помагале. 

„Бугарија веќе подолго време и обезбедува вооружување на Украина без одлука на Народното собрание - ова е самата вистина“,  изјави министерот за одбрана Димитар Стојанов за БНТ.

Според него, Бугарија нема можност да обезбеди за Украина тешко вооружување како што се противвоздушни ракетни системи и авиони.

Сепак, молчеа затоа што во земјата имаше и дел од партиите кои имаат симпатии кон Кремљ. 

foto EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Слично

Поврзани вести