Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ја пропуштија шансата, сега тонат без спас

Ја пропуштија шансата, сега тонат без спас

Бразилската економија ја зафатија тешки проблеми со националната валута на историски минимум и невработеност на петгодишниот максимум.

Бразил е соочен и со политичка криза која го отежнува спроведувањето на реформите.

Претседателката Дилма Русеф според анкетите во моментов е најнепопуларниот шеф на државата од враќање на демократијата во 1985 г. Таа се обидува да се избори со повиците за смена или оставка, што и оставува малку политички капитал да ги повлече мерите на штедење низ Конгресот како би се запрело слабеењето на економијата.

Бразилските еконосмки прилики се влошени со падот на цената на сировината, воглавно поради намалување на побарувачката како последица на забавената кинеска економија. Економистите исто така го обвинуваат неуспехот во реформите на даночниот систем и на пазарот на труд, како и моделот заснован на домашна потрошувачка.

Аналитичарите оценуваат дека Бразил ја пропуштил шансата за реформи во време кога неговата економија растела благодарение на големите цени на сировини во период од 2007 до 2011.

На политичко ниво претседателката Русеф се повеќе е изолирана поради корупцискиот случај кој го тресе Бразил. Обвинителите наведуваат дека градежните и инжиниерските компании платиле преку две милијарди долари во мито на некои политичари и директори во Петробрас како би добиле договори со надувани цени во време кога Русеф била во управата на таа државна нафтена компанија.

Скандалот го парализираше Петробрас, долгогодишната гордост на бразилските претприемачи, но и надежта дека со црпење на нафта од големите резерви под морето и понатаму ќе се поттикне економијата. Со скандалот е поврзана и градежната индустрија од која доаѓа големо мнозинство од 986 000 Бразилци кои ја изгубиле работата во последните 12 месеци.

Бразилската валута реал паднала за 35 одсто во однос на доларот оваа година.

Силниот долар исто така ја поскапе и увозната роба, па Бразилците се соочени со раст на цените на речиси се - од козметика преку медицина па до пекарски производи иако преку 60 одсто жито во Бразил е увозно.

Со инфалција од 9,5 одсто , значајно повеќе од целните 6,5 одсто, ЦБ не е во можност да ја намали каматната стапка за да со ефтини пари ги поттикне економските активности и домашна потрошувачка, бидејќи ниските каматните стапки носат со себе и инфлаторен притисок.

Слично

Поврзани вести