Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА ПРОГЛАСИЈА ЗА МРТВА, А ТАА СТАНА НА БДЕЕЊЕ: Жената во Еквадор сега доживеа мозочен удар и почина

ЈА ПРОГЛАСИЈА ЗА МРТВА, А ТАА СТАНА НА БДЕЕЊЕ: Жената во Еквадор сега доживеа мозочен удар и почина

Жената во Еквадор, која ја прогласија за мртва, а на бдеење стана, сега доживеа мозочен удар и почина. 

Бела Монтоја (76) беше жива, иако претходно смртта ја констатирал лекар во болница во градот Бабахоџо. Откако ожалостените го слушнале нејзиното тропање од ковчегот, таа итно е вратена во истата болница на лекување. Жената помина седум дена на интензивна нега, но потоа во петокот починала од исхемичен мозочен удар, потврди Министерството за здравство. Министерството за здравство на Еквадор формираше комисија од експерти за да го разгледа нејзиниот случај. Откако беше прогласена за мртва на 9 јуни, Монтоја ја ставиле во ковчег и ја однеле во погребалното претпријатие во Бабахоџо, југозападно од главниот град Кито. Но, по речиси пет часа во ковчегот, жената тропнала и тоа им било знак на роднините дека жената не е мртва. 

Но, ова не е единствен ваков случај во светот. Во февруари годинава за една 82-годишна жена е откриено дека дише додека лежела во погребално претпријатие во Њујорк. Во дом за стари лица ја прогласиле за мртва. 

Слично

Поврзани вести