ЈА ПРЕДВИДЕ ПАНДЕМИЈАТА И СМРТТА НА КРАЛИЦАТА, СЕГА ВЕЛИ: „Ништо нема да остане од Америка и тоа многу скоро“
Бразилецот Атос Саломе, за кој тврдат дека може да предвиди
нешта, има морничава визија за блиската иднина.
Саломе, кој го нарекуваат новиот Нострадамус, упати предупредување до светските лидери дека во наредната година не очекуваат страшни работи и дека мора итно да се спречат за да се избегне целосно уништување на планетата. 36-годишникот, кој тврди дека ја предвидел пандемијата на коронавирус, смртта на британската кралица и Третата светска војна, сподели со светот уште пострашни визии за блиската иднина. Тој предупредува дека САД ќе се соочат со предавство и инвазија во 2024 или 2026 година.
Атос тврди дека во своите визии ги видел страшните работи што ја чекаат Америка и дека, како што рече, неколку „големи светски лидери“ ќе се обединат за да предизвикаат пекол во САД, а нивниот напад ќе биде многу попогубен од нападите на Ал Каеда од 11 септември, во кој загинаа речиси три илјади луѓе на три локации, а Светскиот трговски центар во Њујорк беше целосно уништен.
„Работи ќе паднат од небо и ништо нема да остане. Ова ќе биде предупредување дека започнува големата војна. САД ќе бидат предадени и нападнати, напаѓачите долго време го планираа овој напад и ќе биде полош од 11 септември 2001 година“, предвиде Атос, иако не кажа кој град или градови ќе да бидат погодени од овие недефинирани напади.
„Двајца големи лидери стојат зад новата епизода. Доаѓа Трета светска војна. Нови трагедии се закажани за 2023 година, но има епизоди за 2024 или дури 2026 година. Гледам дека месеците февруари, април и јули 2023 година се обележани со нови трагедии ", објасни тој.
РеобјаваФОТО: YouTube
