Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА ПОСЕТИ И МАКЕДОНИЈА: Данец го прошета светот без да се качи во авион

ЈА ПОСЕТИ И МАКЕДОНИЈА: Данец го прошета светот без да се качи во авион

Данец стана првиот човек кој го пропатува светот без да лета со авион. Toj ja посетил и Македонија. Иако го почнал патувањето со голем ентузијазам, тој го завршил „уморно, особено психички“.

По скоро цела деценија патување, Данецот Торбјорн „Тор“ Педерсен стана првиот човек кој ја посети секоја држава во светот, без да патува со авион, пишува „Еј-би-си“.

Овој 44-годишен авантурист го започнал својот амбициозен проект „Once Upon a Saga“ во октомври 2013 година. Oчекувал дека патувањето ќе трае околу четири години.

Неодамна тој пристигна во својата последна држава, 203. по ред – Малдиви и со тоа го обележа крајот на својата авантура, која траела цели 3.512 дена.

„На некој начин, ова беше голем и успешен социјален експеримент. Не можам да се сетам на некоја земја каде што не добив некаква форма на љубезност или поддршка од луѓето“, вели тој.

Во меѓународната организација Обединети нации, моментално, членуваат 192 држави, но Педерсен вклучил и некои други „спорни“ дестинации во својата рута. Тој поминувал најмалку 24 часа во секоја држава, патувајќи пеш, со aвтомобил, автобус, воз или брод, вклучувајќи 37 контејнерски бродови.

Најдолго останал во Хон Конг – цели две години, поради пандемијата на коронавирусот. Тогаш, за првпат, помислил да се откаже од проектот.

Фото: Фејсбук/Инстаграм/„Once Upon a Saga“

Слично

Поврзани вести