Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА ПОКОРИ ЕВРОПА, А СЕГА ЗАГИНА ВО ДОНБАС: Меѓу убиените е познат руски спортист

ЈА ПОКОРИ ЕВРОПА, А СЕГА ЗАГИНА ВО ДОНБАС: Меѓу убиените е познат руски спортист

Познат руски спортист загина во Донбас во Украина. 

Станува збор за Сергеј Увицки, шампионот на Европа и генерален секретар на Кјокушинската федерација на Русија. Имаше 41 година и беше почесен спортист на Русија. Од 5 јануари војуваше во Донбас. Во Украина замина како член на волонтерскиот одред „Сојуз“ РСБИ, кој го сочинуваат бивши и актуелни спортисти. Во овој состав имаше над 100 познати спортисти и инструктори. Во декември лани беа обучени во Чеченија, во центарот Гудермес. 

„Кјокушинската федерација на Русија изразува длабоко сочувство до семејството и пријателите на Сергеј и до сите кои имаа доволно среќа да ја запознаат оваа светла личност. Почивај во мир. Секогаш ќе ве паметиме“, се вели во соопштението на организацијата.

И на украинска страна загинаа голем број спортисти. Во декември лани, украинските власти соопштија дека загинале околу 200 спортисти. 

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија ќе победи во војната. Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари лани. 

Слично

Поврзани вести