ЈА НАПУШТИ БОЛНИЦАТА: Борис Џонсон оди во неговата резиденција на село
Премиерот на Британија, Борис Џонсон денеска е отпуштен од болница и ќе продолжи да се опоравува од Ковид-19 во Чекерс, во неговата резиденција во село, соопшти неговата канцеларија на Даунинг стрит 10.
Џонсон беше примен во болница на 5 април затоа што имал постојани симптоми на коронавирусот и по десет дена беше утврдено дека е позитивен. Еден ден подоцна беше примен на одделението за интензивна нега, од каде е отпуштен на 9 април.
Слично
