Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ja критикуваше војната на Путин и доби седум години затвор

Ja критикуваше војната на Путин и доби седум години затвор

Советникот од Москва Алексеј Горинов ја критикуваше војната, доби седум години затвор.

Судот во Москва го осуди опозицискиот советник на седум години затвор за критикување на воените дејствија на Русија во Украина, што е прва долгорочна затворска казна изречена според новите закони кои ја ограничуваат критиката на војната.

Горинов, советник во московскиот окружен совет Красноселски и обучен адвокат е уапсен во април под обвинение за ширење „свесно лажни информации“ за руската армија. Тој го извршил прекршокот кога тој и неговата колешка од опозицијата, Елена Котеночкина, се изјасниле против предлогот на советот да се одржи натпревар за детски цртеж и фестивал на танцување и покрај војната во Украина, каде Горинов рече дека „децата умираат“. 

Обвиненијата против Горинов се во низата нови закони кои се воведени од почетокот на руската инвазија на Украина. 

Слично

Поврзани вести