ЈА ИЗВАДИВ КАЦИГАТА И ГО УДРИВ СО НЕА: Собрани 190.000 евра за Бразилецот кој ги спаси децата од нападот со нож во Даблин
Повеќе од 190.000 евра се собрани денеска за Бразилец кој помогна да се запре нападот со нож врз деца пред училиште во центарот на градот Даблин.
Нападот предизвика широко распространето улично насилство од страна на антиимигрантските активисти кои веруваа дека напаѓачот е странец.
Пари за бразилскиот имигрант Каи Бенисио, возач на мотоцикл, се собрани во онлајн кампања, објави Ројтерс.
Бенисио за медиумите изјавил дека помогнал да се запре напаѓачот, маж на возраст од педесет години, удирајќи го со кацига од мотоцикл во главата.
За потесетување бразилецот Каио Бенисио (43) беше поздравен како херој во Даблин откако вчера го спречи нападот со нож пред училиште.
Во нападот се повредени пет лица, од кои три деца, изјави Бенисио како со кацигата го соборил напаѓачот.
- Видов дечко како влече жена, крева деца. Застанав да видам што се случува, помислив дека е тепачка - рекол тој и додал дека наставничката потоа го повлекла детето, а мажот и другото дете и ножот.
- Го фрлив моторот и го следев момчето. Ја извадив кацигата и го удрив со кацигата по глава, што го собори. Потоа останатите тргнале кон напаѓачот и успеале да го задржат додека не дојде полицијата - вели тој.
Бенисио е татко на две деца и вели дека чувствувал дека мора да реагира.
- Луѓето беа таму, но не можеа да влезат бидејќи беше вооружен, веднаш знаев дека можам да го користам шлемот како оружје - вели тој.
Тој кажа и како се чувствува за петгодишното девојче кое е тешко повредено.
- Се молам да биде добро, само на тоа мислам - рече тој.
На петгодишно девојче итно му била укажана помош од тешки повреди, а една жена е тешко повредена, додека други две деца, петгодишно момче и шестгодишно девојче, по инцидентот се здобиле со полесни повреди.
Еве го неговото сведоштво:
Father-of-two Caio Benício intervened in the knife attack at a school on Parnell Square, in which three children and a woman were injured. Video: Enda O'Dowd and Isobel Boechat pic.twitter.com/1SXAljzUPh
— The Irish Times (@IrishTimes) November 24, 2023
Фото: Принтскрин/Твитер
