ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈА ИСКОРИСТИЛЕ СЛАБОСТА НА УКРАИНЦИТЕ: Русите влегле во Покровск

ЈА ИСКОРИСТИЛЕ СЛАБОСТА НА УКРАИНЦИТЕ: Русите влегле во Покровск

Руските сили успеале да навлезат во украинскиот град Покровск во Донецката област, потврдија припадници на украинската армија за Украинска правда.

Првите траги од руска пешадија се откриени уште на 17 јули, а според воените аналитичари од украинската група Дипстејт, борбите продолжуваат и вечерта на 21 јули.

„Пред неколку дена непријателот ја искористи слабоста – исцрпени сили во една од украинските бригади и нејасна проценка на теренот – и се проби во Покровск преку населбата Звирове. Ситуацијата бргу ја стабилизираа војниците од 155. механизирана бригада и 68. јегерска бригада, спречувајќи катастрофа“, соопшти Дипстејт.

Руската намера, според истите извори, е да се вкопаат и да ја задржат позицијата, чекајќи засилувања и да ја преземат контролата врз улицата Заштитници на Украина.

Истиот извор известува дека „операцијата за неутрализирање на диверзантите продолжува“ и дека „украинската армија, за жал, има загуби“.

Инаку, командантот на украинската војска, Олександр Сирски, на 21 јули извести за успешен напад врз руска група што се обидувала да продре во градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека на следните преговори со Русите ќе разговараат за три точки. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото принтскрин

ad
Слично

Поврзани вести