ЈА БЛОКИРАЛ ЛИНИЈАТА НА БРЗАТА ПОМОШ: Пензионер заврши во затвор откако се јавил над 7.000 пати
Пензионер во Британија повикал Итна помош повеќе од 7.000 пати, поради што е осуден на три години затвор.
Роџер Џексон кој има 77 години е осуден на затворска казна, затоа што повеќе од 7.000 пати ја повикал итната служба, изложувајќи ги нејзините работници на вербална злоупотреба. Од септември 2020 година тој одземал повеќе од 400 часа работа на полицијата во Сасекс и вработените во центарот за повици за брза помош.
На крајот на јануари ја признал вината и е осуден на три години и три месеци затвор за повеќекратна вербална злоупотреба, пишува Индипендент.
Шефот на центарот за повици на полицијата во Сасекс, Сара Луиз Глидон, вели дека осомничениот ги блокирал линиите со неговите повици. Со тоа попречил многу луѓе да добијат помош. Пензионерот се јавувал на 911 „упорно со години“ и неколку пати му кажале дека можно е да го уапсат.
